Предизборната кампања на кандидатот за градоначалник на Делчево Д-р Николчо Стојменовски започна во крстилницата Св. Наум во Соборната црква Св. Кирил и Методиј во центарот на Делчево.
Притоа тој упати порака во јавноста дека кампањата ја започнува со Божји благослов, со чисти мисли и искрена желба делчево да биде подобро место за живот за сите граѓани.
“Кампањата ја започнуваме со посета на црквата “Св. Кирил и Методиј”. Со божји благослов, чисти мисли и искрена желба за Делчево да биде подобро и поубаво место за живеење на сите граѓани.”
-напиша Д-р Николчо Стојменовски на фејсбук по тој повод.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Видео: Спроведена акција за чистење и уредување на речните водотеци во центарот на село Град, делчевско
Пристигна градежната оператива на Македонија пат во Делчево, ќе се санира клучен проблем кој го засега цел град
Иван Гоцевски: Само во Делчево, градоначалникот ги дели пожарникарите на “ваши и наши”