Денеска на своја прес конференција кандидатот за градоначалник на општина Кочани Љупчо Папазов со дел од кандидатите за советници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ афирмираше во јавност дел од своите проекти со кои ќе го подобри стандардот за живеење на кочанчани.
Во продолжение интегрално го пренесуваме тектот на неговата прес конференција:
“Почитувани сограѓани,
Почитувани Кочанчани
Во реализацијата на програмата, како кандидат за градоначалник на општина Кочани, денес сакам да ви презентирам два клучни проекти, решавање на сообраќајниот метеж и претворање на Локубија во градски парк.
За решавање на сообраќајниот метеж ќе изградиме нов јужен влез во градот, со булеварскиот решение, од магистралниот пат А3 кај агенцијата клучка од која се двои нова индустриска улица преку која товарниот сообраќај во централното градско подрачје ќе стане минато.
Со изградбата на катна гаража на најпогодна локација блиску до центарот ќе ги ослободиме сообраќајниците од паркираните возила.Постоечкото паркинг решение во строгиот центар ќе го реорганизираме и унапредува.На Кочанска река ќе изградиме два нови сообраќајни мостови, едниот кај Џамијата, а другиот за поврзување на улиците Вера Которка и Лазар Андонов, со што протокот на возила ќе стане побрз и побезбеден.
Граѓаните на Кочани заслужуваат простор каде ќе го минуваат времето во прошетки и зелени површини за одмор и рекреација.
Градски парк со комплетна инфраструктура, хортикултурни решанија и современо осветлување.Во исто време споменикот на слободата ќе се претвори во собиралиште за одржување на културни манифестации на отворено а Локубија ќе стане посакувана дестинација за Кочанчани и сите во градот.
За Промени, за Проекти, за нови Победи!”


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Директор на јавното претпријатие во Македонска Каменица осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување
32 годишен штипјанец нападнал референт во ЈП “Национални шуми”
Кривична за 56 годишен беровец кој поттикнувал омраза на социјални мрежи