Кандидатот за градоначалник на општина Делчево Д-р Николчо Стојменовски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата една од централните определби во неговата програма е да обезбеди квалитетна вода за пиење во секое домаќинство во градот Делчево и сите села без исклучок.
“Во 21 век незамисливо е да зборуваме за модерен и квалитетен живот во Делчево а притоа да го игнорираме фактот што голем број домаќинства имаат проблеми со водата за пиење во нивните домови. Замислете состојба кога цел ден одите на работа, а голем број семејства во Делчево се занимаваат со земјоделство и останати трудови гранки, си доаѓате дома и не може да се истуширате затоа што немате вода во домаќинството. Причините за овие проблеми ги имаме идентификувано во изминатиот период и најсилно сме мотивирани да ги решиме сите до една. Впрочем јас како жител на повисоките делови од населбата Милково Брдо, ваквите проблеми најдиректно ги чувствувам во изминатите години.”
-ни соопшти Д-р Николчо Стојменовски во изјава за нашиот портал.
Неговата програма се состои од реални и остварливи проекти кои што значително ќе го подобрат животот на сите граѓани на Делчево и сите села во општината.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Директор на јавното претпријатие во Македонска Каменица осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување
32 годишен штипјанец нападнал референт во ЈП “Национални шуми”
Кривична за 56 годишен беровец кој поттикнувал омраза на социјални мрежи