БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Драган Ковачки: Македонија плаче за промени

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Минатата година кога во сред кампања за парламентарните избори, изгубениот во времето барајќи го семето се врати од кај Меркел, излажа дека ги отворил поглавјата и дека Македонија ќе почне да преговара со ЕУ.

Лага!

Истото го кажуваше/лажеше и Шекеринска, која ако лани се гордееше со добиениот, но никогаш непотврден датум за преговори, вчера се симна на ниво да прави ПиАр од тоа што нашите пријатели од В. Британија на АРМ и’ донираа вреќи за спиење. Ова е голем успех на одбранбената политика. Честитки!

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Вчера од Словенија на Заев повторно му испратија порака дека со тоа ниво на корупција и институционален криминал, како и со политичката контрола врз како пупка отвореното Судство, ниту преговори ќе почнеме, ниту членство ќе видиме. Среќа е што имаше претходно напишан говор па не им покажа нешто и на европејците од својот богат репертоар на гестикулации со кои изразува несогласување. Сепак, итроманот Заев пак се обиде да се сокрие позади блокадата од Бугарија и да ја фрла вината накај претседателот Радев. Демек Радев не разбрал што му кажале Макрон и Меркел. Сите ние многу добро ја знаеме политиката на Бугарија, но немој некој да има дилема дека ако кај нас дома се средени работите, дека ЕУ ќе не’ остави на цедило. Со оглед на се’ погоре кажано, треба да бидеме среќни што воопшто се среќаваат и разговараат со нас. Додуша, можеби и средбите ќе бидат доведени во прашање после непосакуваното најавување за враќање на визите за македонските граѓани.

Со Заев Македонија нема иднина. Со него сме заглавени во калта, а македонските граѓани се заробеници на неспособноста и алчноста на братскиот тандем. Од оваа кал ќе излеземе само ако се случат ПРОМЕНИ.

Без промени, ќе останеме изолирани и се’ повеќе ќе бидеме сведоци на изгорени болници за кои никој не носи одговорност, на шверц на дрога од полиција или утре можеби и од друга институција, на манифестации (платени од народни пари) на кои малолетни девојчиња се присилувани на секс, на обуки за хрватски магариња, на криминал и кеширање од горење на канцерогено масло по касарните, на аздисување и луксузирање во скапи вили во Грција, Маврово итн, на рекетирање на бизнисмени, на затвореници кои слободно шетаат и прават сообраќајки со смртни последици по другите.

Македонија плаче за промени, воведување на ред и поредок во државата и конечно обнова со проекти од кои бенефит ќе имаат сите, а не само поединци околу ЗЗ и ВЗ.

#МакедонијаЗаСитеЛуѓе

#СоздадиИднина #7

Креирано од:


Пренеси го гласот