На прес конференција од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Пробиштип ја алармираа јавноста за нереализираните проекти на актуелниот градоначалник Драган Анастасов:
“Почитувани сограѓани,
Пред 4 години градоначалникот Анастасов вети дека ќе го асфалтира патот до с.Јамиште. Како и се друго и ова ветување остана на “ЌЕ“. Можеби и ќе го асфалтираше, ама сигурно му е текнало дека потоа ветениот пат ќе го барат и жителите на Шталковица, на Кундино, на Пестришино. А пак жителите на Древено, Ратавица, Рудари, Стрисовци, Гајранци и Трипатанци ќе ги бараат ветените локални улички.Ако ги направеше и нив, жителите на Гујновци, Зарапинци, Лезово, Бучиште, Добрево ќе побараа да им се реши проблемот со водоснабдувањето.Потоа ќе требаше да ги чисти дивите депонии, а речиси во секое село да направеше водопоила.
Многу работа е тоа, а секаде ветено.Па така на крајот, Драган Анастасов – Ладич изгледа се одлучи да следи барем едно негово ветување, тоа дека сите граѓани се исти и нема повеќе поделби, па реши никаде ништо да не работи.Ние друго објаснување за вакво, досега невидено неработење, едноставно немаме.
Почитувани сограѓани,Драган Анастасов Ладич ќе остане запаметен како градоначалник кој освен што ништо не направи, не се одважи ниту еднаш да ги посети жителите на помалите населени места, освен за избори.
И затоа порачуваме доста е!На 17 октомври да му ја пратиме последната порака на ладич како градоначалник.
Заборавени луѓе и места не смее да има повеќе.Заедно ќе работиме посветено за секој еден граѓанин и во секое населено место.
Да започнеме да ја создаваме новата иднина на општина Пробиштип
-соопшти на прес конференцијата Алексадар Ѓеорѓиев – кандидат за советник од коалиција “Обнова на Македонија“.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Стручна работилница на тема „Дигитални решенија за одржливо земјоделско производство“
ВИНИЦА РЕЦИКЛИРА – 169.350 ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ!
Уште една голема инвестиција на владата во здравството за делчевчани: Две нови возила за ЈЗУ Здравствен дом ,,Гоце Делчев ” во Делчево