Денеска на прес конференција кандидатот за советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Георгиевски Перо одговорноста за штетите од неодамнешнит епожари во Кочани и кочанско ја впери кон актуелните власти.
Почитувани сограѓани, Почитувани медиуми,
Дали пустошот и црнилото зад мене е најдоброто за мојата Општина? Дали оваа е новата нормалност за мојата Општина? Уште се свежи сликите и сеќавањата на граѓаните од големиот пожар кој му се заканувааше на 2-август оваа година на Кочани. Сведоци сме и на институционалниот одговор на Општината, на Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување. Немаа гориво и редовен сервис за “ер тракторите” така наречените авиони за гасење на шумски пожари. Немаше кординација и брза реакција од надлежните. Чиста среќа и големата масовна мобилизација на граѓаните на Кочани не дозволија да има човечки жртви. Ист одоговор од Општината и нејзините раководни лица имаше и на 7-ми Август 2020 година кога беа големите поплави во селата Горни и Долни Подлог, и Мојанци каде водата направи голема штета во домаќинствата, посевите, градинарските насади и во складираната сточна храна во амбарите. До каде е постапката за обештетување и исплатата на паричните средства на поплавените имоти? Насекаде гледаме хаос и загубена перспектива.
Луѓето се разочарани. Власта тоа го користи и го злоупотребува. Ние имаме знаење и програма со многу проекти. Свесни сме за околностите и одоговорноста која ја превземаме. Затоа ние гарантираме од областа на безбедност и противпожарна заштита на Кочани:
• ВОЗИЛА ЗА ТППЕ КОЧАНИ. Застарениот возен парк на ТППЕ налага набавка барем на едно противпожарно возило, кое во наредниот период планираме да го набавиме, за ефикасно извршување на задачите.
• За да може ТППЕ да ги извршува квалитетно своите работни задачи потребна е современа и квалитетна опрема, која ќе ја обезбедиме, како би можеле нашите пожарникари заштитени да ги совладуваат предизвиците.
• Опрема за рано откривање на шумските пожари во околинта. Создадете нова иднина! Таму лежи шансата за промени, Нова иднина за секој од вас, за секој дом, семејство, улица и населено место.
Со почит, Георгиевски Перо кандидат за советник на советничката листа од редовите на ВМРО ДПМНЕ Кочани

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Градоначалникот на Делчево Гоцевски оствари средба со активисти на невладината организација “Жена” од Делчево
Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот, Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи
dm повторно го отвора еко-конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ – пријавете го вашиот двор за раззеленување!