Интегрален текст на прес конференција на кандидатот за градоначалник на општина Пробиштип Маријан Миленковски од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Обнова на МАкедонија:
Нашиот стремеж е кон економски силна и просперитетна општина. Општина која ќе овозможи услови за нови инвестиции, нови работни места и повисоки плати за сите граѓани.
Општината не може да напредува без економски развој. Економскиот развој како процес на однапред планирани активности и постапки има за цел подобрување на економската благосостојба и квалитетот на животот на сите граѓани во општината. Токму затоа, бизнис заедницата ќе биде активно вклучена во креирањето на идните локални политики во делот на економијата.Инвестицискиот развој, на дело, ќе го започнеме со целосна урбанизација која е предуслов за формирање на нови индустриски зони и нови инвестиции.
Младите, на кого посветуваме особено внимание, ќе добијат целосна поддршка од општината преку субвенционирање за започнување на сопствени приватни бизниси, како и континуирана поддршка во областа на обуките и помошта при аплицирање за користење на средства од меѓународните фондови.Драги сограѓани,Многу народ ни се исели во потрага по подобар живот. Да не дозволиме да продолжи овој лош тренд. Не само да не дозволиме да продолжи иселувањето, туку и да преземеме нешто за да вратиме барем дел од нашите иселени сограѓани.
И доста беа празни зборови, време е за конкретни чекори.Време е за промени, време е за дејствување.
Да започнеме заедно да ја создаваме нашата иднина, овде во општина Пробиштип!

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Манифестацијата “Пијанечки денови на сливата 2026“, познатата „Сливијада“ утре во село Град доживува нова енергија за развој
Учениците на СОУ „Миле Јаневски Џингар“ Македонска Каменица го посетија Спомен домот на Разловечкото востание во село Разловци
Ј А В Е Н П О В И К до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа