Платеничките мегафони на власта соочени со големата паника во сопствените редови содржана во катастрофално-лошиот рејтинг на кандидатите за градоначалници и советници од СДСМ на изборите, преминаа на за нив единствениот начин на борба кој што го знаат: Удирање по поранешниот Премиер на Република МАкедонија Никола Груевски и тоа на само на нив својствен начин со лажни информации и манипулации. Овојпат пропагандата на Заев на која и се заканува секнување на дотокот на пари од државните фондови во јавноста на социјалните мрежи и про-владините портали мавта со фотографија на замок од Квинсленд, Австралија кој што го прикажуваат како визуелизација која што наводно Никола Груевски сакал да ја изгради на Водно.
Јаловите политики на Зоран Заев и неговите функционери на централно и локално ниво не го донесоа ветуваниот живот за граѓаните ширум државата. Сега исправени пред волјата на граѓаните која треба да им го покаже правецот на движење на нив како политичари, провладините мегафони не бираат начин и сретства за дискредитација на единствената политичка сила која што е способна да се спротивстави на нивното ненародно владеење а тоа е ВМРО-ДПМНЕ.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Лишена од слобода 24 годишна жителка на Крива Паланка затоа што го нападнала својот сопруг со остар предмет
Голем успех за Македонија на светскиот избор Miss & Mister Planet 2026 во Грузија
Николоски: Преку 100 милиони денари инвестиции во инфраструктурата во Валандово. Ќе се реконструира и регионалниот пат Струмица -Валандово