Денеска Градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов изврши увид на градежните работи за изградба на нови улици во населбата Суитлак во Штип. Станува збор за реализација на асфалтирање на улици во вкупна должина од 1,4 км како инвестиција на ЕЛС Штип од општинскиот Буџет во износ од 3,4 милиони денари.
Притоа Градоначалникот Јорданов најави многу брзо во наредните денови дека ќе продолжи реализацијата на проектите кои ќе ги предизвикаат најавените промени за подобрување на стандардот на живеење на граѓаните во останатите населби во општината Штип.
“Работната недела ја започнавме со асфалтирање на нови улици во нас. Суитлак, во должина од 1400 м, финансирани од буџетот на Општина Штип, во вкупен износ од 3.400.000 денари.Во наредните денови, ќе продолжиме со промените во останатите населби во нашиот град.
Штип заслужува нова иднина!”
-соопшти Градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов во врска со овие негови активности.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Манифестацијата “Пијанечки денови на сливата 2026“, познатата „Сливијада“ утре во село Град доживува нова енергија за развој
Учениците на СОУ „Миле Јаневски Џингар“ Македонска Каменица го посетија Спомен домот на Разловечкото востание во село Разловци
Ј А В Е Н П О В И К до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа