БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

“Северна” падна на конститутивната седница на Советот на општина Штип

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска на конститутивната седница на Советот на општина Штип, падна “Северна”.

Во образецот на Свечената изјава која што новоизбраните советници требаше да ја потпишат на оваа конститутивна седница, кој им бил доставен од страна на општинските служби стоело името Република Македонија без придавката “Северна.” Ваквата ситуација советникот Душко Иванов од сега веќе владеачкото советничко мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “Обнова за Македонија” на седницата ја образложи со фактот што Законот за локална самоуправа каде е девинирана постапката за давање Свечена изјава го содржи токму овој образец кој што денес им бил поделен на советниците да го потпишат.

Советничката од СДСМ Маријана Рогожарска-Поповска, притоа пред советниците истакна дека не треба да се оди против Уставот и побара правно толкување од службите, за ваквата состојба. Предлогот на Рогожарска беше одбиен, по што советниците на СДСМ ја напуштија седницата. Свечена изјава во новоконституираниот совет на општина Штип дадоа 13 советници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата како и еден советник од партијата Левица во која што стоеше името Република Македонија.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

На оваа конститутивна седница за Претседавач на општинскиот совет на општина Штип беше избрана Весна Карагунова-Кожинкова од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “Обнова за МАкедонија”.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace