БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Иницијатива за останување на Зоран Заев на чело на СДСМ

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Претседателот на Општинската организација на СДСМ Куманово Мартин Костовски кој доживеа пораз на неговата општинска организација од Максим Димитриевски на локалните избори, дава недвосмислена и безрезервна поддршка за Зоран Заев да остане на лидерската позиција на СДСМ.

Ваквата поддршка следува по најавите на Зоран Заев дека поднесува оставка на претседателското место во СДСМ и од премиерското место во Владата, која што е делегитимирачка со оглед на фактот што тој како претседател на ОО Куманово е избран токму под претседателската палка на Зоран Заев. Вака излегува дека потчинетиот во партијата го поддржува својот надлежен и покрај нивниот заеднички неуспех ан локалните избори кои завршија вчера.

„Јас Мартин Костовски претседател на ОО СДСМ-Куманово, од денеска покренувам иницијатива кај сите социјалдемократи во државата за поддршка на претседателот Зоран Заев. Недвосмислена и безрезервна поддршка да остане на лидерската позиција во СДСМ. Искрено и чесно, одговорно и храбро, многу дадовме за овие 5 години за Македонија, за СДСМ“,

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

-соопшти Мартин Костовски преку социјалните мрежи.

Креирано од:


Пренеси го гласот