БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Наследен проблем со уличното осветлување го крена алармот за дејствување на Градоначалникот Јорданов во Штип

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

“Почитувани сограѓани, сакам да го изразам моето разочарување и загриженост од наследениот проблем со уличното осветлување во нашиот град.

Општина Штип само 3 месеци пред промената на власта, има склучено договор за јавно приватно партнерство во времетраење од 15 години, со оператор кој во наведениот период има обврска да го промени, модернизира и одржува уличното осветлување.

Врз основа на тој наследен договор, веќе е информиран економскиот оператор и од истиот е побарано во експресен рок да ги реши овие проблеми. Затоа, би сакал да ве замолам сите вие кои ги детектиравте проблемите, да нѐ известите во коментар кога ќе бидат отклонети, за активно да ја следиме состојбата и да воспоставиме блиска соработка со жителите на Општина Штип.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Или, пластично да објаснам, наследивме многу проблеми, за кои дадовме збор пред вас, граѓаните, дека неуморно ќе работиме, за да ги отклониме и градот да го донесеме во нормална форма на функционирање!”

-фејсбук реакција на градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace