Новиозбраниот градоначалник на Кочани Љупчо Папазов од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “Обнова на Македонија” по извојуваната победа во вториот круг од локалните избори кои што се одржаа во текот на вчерашниот ден, денеска упати благодарност на сите граѓани кои гласаа на изборите.
Притоа тој најави брза мобилизација за реализирање на планираните проекти од неговата предизборна програма со кои што планира да обезбеди одржлив развој за Кочани.
“Упатувам огромна благодарност до сите граѓани на Општина Кочани, кои достоинствено го искористија своето право на глас на изборите. Народната волја е посилна од сè!
Вашата доверба да раководам со општината во претстојниот четиригодишен мандат обврзува на работа во интерес на сите наши сограѓани. Ветувам посветена, чесна и одговорна работа за забележителен напредок на Кочани.
Започнуваме набргу со планирање за реализацијата на програмските определби и проекти со кои го обезбедуваме модерниот и одржлив развој на Кочани.”
-напиша на фејсбук Љупчо Папазов- Градоначалник на Кочани.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Министерството за здравство и СЗО организираа национална консултација за новиот Закон за лекови
Тошковски: По повеќе од 15 години запуштеност и негрижа, базенот во Полициската академија во Идризово повторно е во функција
По пријава на неговата 21 годишна ќерка уапсен 49 годишен жител на Свети Николе