БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Левица бара седниците на советите на Локалните самоуправи ширум државата да се пренесуваат во живо

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Политичката партија Левица упати соопштение со кое ја информира јавноста дека ширум државата каде партијата има свои советници во општинските совети побараа од надлежните пренесување на седниците на Советите во живо.

Ваквото барање беше едно од предизборните ветувања на Левица, со цел да обезбедат изворно информирање на граѓаните за одлуките и работата на советите ширум државата.

“Денес советниците на Левица ширум Републиката, побараа пренос на седниците на Советите во живо – нешто што е во законската одредба, со цел граѓаните да имаат директен увид во работата на советите.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во некои од општините, како што е случајот во Советот на Општина Штип, веќе се применува оваа пракса, но мораме да потенцираме дека не е во целост спроведена, односно дека има технички пропусти во преносот, па поради тоа треба да се интервенира во однос на техничката поддршка.За општините каде што нема ваква пракса, очекуваме при прва следна седница истата да биде спроведена и СЕДНИЦИТЕ да бидат соодветно пренесувани во живо од страна на општината, бидејќи општината е должна на граѓаните јавно да им обезбеди достапност до седниците на Советот, според Член 8 од Законот за Локалана самоуправа.

Меѓудругото, се бориме за се’ помасовна употреба на Уставното име усвоено со Референдумот од 1991 година, коешто формално правно е, и мора да биде во употреба, бидејќи промената на името со референдумската одлука донесена на рефрендумот во 2018 година е противуставна и спротивна на изразената волја на граѓаните. Поради ова, на денешната седница во општина Штип, претставникот на Левица во Советот, остро застана зад позициите на ставот на партијата – свечената изјава да биде потпишана како што е пропишана во Законот за локална самоуправа – односно со името – Република Македонија!

Освен во Општина Штип, свечена изјава со Уставното име Република Македонија, беше потпишана и од страна на советниците на Левица во Општина Аеродром.#ЛевицаОдСоветите

-стои во соопштението на Левица упатено преку социјалните мрежи.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace