Вистински убава вест за љубителите на спортот во Свети Николе. Градоначалникот на општина Свети Николе Дејан Владев денеска со свое соопштение ја информираше јавноста дека ракометарското игралиште во Свети Николе ќе се поднови со нова тартар подлога како и нова метална ограда.
“Една радосна вест за љубителите на спортот на ова култно ракометарско игралиште во нашето Свети Николе.
Во наредните месеци ќе се реконструира овој спортски објект со модерна тартарн подлога и нова ограда.
Спортистите во Свети Николе заслужуваат пристојни услови за спорт и рекреација.”
-соопшти Градоначалникот Дејан Владев преку социјалните мрежи.



СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Стручна работилница на тема „Дигитални решенија за одржливо земјоделско производство“
ВИНИЦА РЕЦИКЛИРА – 169.350 ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ!
Уште една голема инвестиција на владата во здравството за делчевчани: Две нови возила за ЈЗУ Здравствен дом ,,Гоце Делчев ” во Делчево