БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Кои се Петри Муслиу и Бесмира Ејупи-конзулите- “тешкаши” за кои се споменува дека Владата ги праќа во САД?

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Телевизиската презентерка Бесмира Ејупи и синот на политичкиот аналитичар Алберт Муслиу- Петри Муслиу се новите можни решенија кои се споменуваат во јавноста за конзули во Њу Јорк и Чикаго кои што владата ги предложила за да ја претставуваат Македонија во САД.

Од биографијата на Бесмира Ејупи достапна на социјалните мрежи се гледа дека таа во својата работна кариера била новинар/презентер во повеќе трговски друштва и телевизии.

Петри Муслиу е син на политичкиот аналитичар кој ја поддржува актуелната власт на СДСМ и ДУИ во своите медиумски настапи.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Од владата ваквите информации ниту ги потврдуваат ниту ги демантираат.

Неодамна претседателот Стево Пендаровски во едно свое медиумско претставување соопшти дека на амбасадорските места во САД и Русија е потребно да бидат поставени т.н. дипломатски и политички тешкаши.

Колку ваквите имиња што се спомнуваат за назначување како конзули во САД се политички и дипломатски тешкаши останува јавноста да си донесе сопствен заклучок.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace