БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Условите за работа во Здравствен дом “Ѓорги Гаврилски” во Свети Николе опасни по здравјето на пациентите и вработените

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Здравствен дом “Ѓорги Гаврилски” во Свети Николе наместо да служи за својата намена за превенција и лекување на здравјето на граѓаните, е потенцијално место за зарази и претставува опоасност по здравјето како на пациентите така и на вработените.

До нашата редакција пристигнаа алармантни информации за постоење на услови за работа кои се опасни по здравјето во Здравствен дом “Ѓорги Гаврилски” во Свети Николе. Во видео кое ни е доставено во прилог за потврда на ваквите информации може да се забележат просторните услови за работа во просторија за изолација во која се земаат крвни примероци од пациенти за вршење на крвна анализа на сомнителни лица и лица позитивни на Ковид вирусот.

Од видео снимката се гледа дотраениот инвентар во просторијата, нечистите чаршави на кои што има траги од крв, кои стојат така со месеци, блокираниот прозорец на фасадата на објектот кој не е функционален за проветрување на самата просторија како и количината на нечистотија во просторијата која се гледа дека не се одржува и чисти. Дополнително нашите информации велат дека оваа просторија во која гравитираат заразени и можно заразени лица со Ковид вирусот потребно е да има соодветна лампа за уништување на вирусот ниту дезинфекција при што не исполнува соодветни епидемиолошки и здравствени стандарди.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Според нашите информации вработените во Здравствен дом “Ѓорги Гаврилски” се плашат за своето здравје врз основа на негрижата на менаџментот на болницата која допринесува до ваквата состојба.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace