Не можеше ништо друго да се очекува. Пописните резултати што ги објави Државниот Завод за Статискика на 30.03.2022 година се далеку од реални, целосни и вистинити. Едноставно, тие се фингирани и неприфатливи, и како такви МААК не ги прифаќа и не може да ги третира како официјален податок.
Со оглед дека со истиот став се многу организации, партии и поединци во Република Македонија, МААК како политичка партија, ги повикува сите незадоволни да не останат само на зборови, туку сите заедно да поведеме постапка за поништување на пописот во целина. За тоа имаме аргументи, бидејќи не само пописните резултати, туку и целокупоната постапка за спроведување на пописот спротивна е на стандардите за попис на населението и домаќинствата, европските директиви и Законот за попис, при што на многу Македонци и припадници на други националности што живеат во Македонија ускратени им се права гарантирани, не само со Законот за попис, туку и со Уставот на државата.
Затоа, да делуваме и да не дозволиме уште една анационална лага да стане реалност. Додека сеуште не е доцна.”
-интегрален текст на реакцијата на Македонска Акција-МААК упатена до јавноста.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Обраќање на Премиерот Мицкоски на Советот на Германско-Македонската стопанска комора
Младите ја креираат зелената иднина – Божиновска ги додели признанијата на победниците на националниот натпревар за зелени иновации
Апасиев: Фрлете им ја медицината на кучињата, таа и онака веќе не е за сиромашните