По повод 120 годишнината од раѓањето на Македонската револуционерка од Кочани Малина Попиванова денеска во училиштето кое што го носи нејзиното име, беше одбележан патрониот празник на оваа локална институција.
Пред бистата на патронот во дворот на училиштето ООУ “Малина Попиванова” Градоначалникот на општина Кочани Љупчо Папазов со службени лица од општината како и делегација од менаџментот на училиштето заедно со останати граѓани со полагање на букети со свежо цвеќе одадоа почит кон ликот и делото на оваа наша револуционерка.
Во рамки на патронатот ученици и наставници во училиштето реализираа богата пригодна свечена програма во училишната сала.







СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Стручна работилница на тема „Дигитални решенија за одржливо земјоделско производство“
ВИНИЦА РЕЦИКЛИРА – 169.350 ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ!
Уште една голема инвестиција на владата во здравството за делчевчани: Две нови возила за ЈЗУ Здравствен дом ,,Гоце Делчев ” во Делчево