“И денес е иста желбата, само што желбите се едно а реалноста е сосема друга.
Во реалноста семејствата на бесправно осудените за тероризам, кој не постои, се борат за егзистенција, децата им растат без нив, сопругите им се без работа додека вистинските терористи ја крчмат и последната капка живот во Македонија.
Се надевам дека некој ќе најде начин да им помогне барем околу фер судење во кое тероризмот ќе биде избришан како обвинение и тие ќе излезат на слобода.
Тие се во затвор затоа што ја бранеа Македонија, а ние сме на “слобода” затоа што ни името не успеавме да го одбраниме. Ебати таква слобода.
Мислам пред се на себе како дел од народот кој е заспан и чека некој друг да го разбуди и да крене револуција наместо него.
Ослободувањето лежи во нас самите. Изгледа само лежи.
–фејсбук статус на актерот Тони Михаловски.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Божиновска со низа билатерални средби и пораки за забрзана транзиција на UNECE Resource Management Week
Шеикот Венко од Емиратите: Сепак претседателот на СДСМ има златна виза како менаџер и инвеститор во Обединетите Арапски Емирати
Божиновска од UNECE Resource Management Week 2026: Одлучни политики, силни инвестиции и меѓународна соработка за одржлива енергетска иднина