Денеска во јавноста градоначалникот на општина Пробиштип Драган Анастасов Ладич се пофали со нова поставена гумирана тартан патека на градскиот стадион во Пробиштип. Во иднина градоначалникот Ладич најавува и поставување на нови столчиња на трибините на стадионот.
Финансиите за реализацијата на овој проект се од Агенцијата за млади и спорт како и општинскиот Буџет.
“![]()
Новата тартан гумирана атлетска стаза на градскиот стадион во Пробиштип е завршена.
Општина Пробиштип вложува во инфраструктурата за обезбедување на услови за развој на спортот во нашиот град.
Градскиот стадион полека го добива потребниот изглед.
Многу наскоро следува и поставување на нови седишта на трибините.
Дополнително кон ова општината води разговори со приватниот сектор за финансирање и поддршка на фудбалскиот клуб Рудар за да го вратиме во лигата којашто доликува на овој фудбалски клуб.
Проектот е финансиран од страна на Агенцијата за млади и спорт и Општина Пробиштип.”
-соопшти Градоначалникот Ладич за јавноста.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Нов динамичен концепт за развој на туризмот во Делчево: Градоначалникот Гоцевски најави формирање на Совет за развој на туризмот
„Шпански денови на вкусот“ – кочански ориз зготвен по шпански рецепти
16 годишник од Кочани со мотоцикл удрил во 74 годишна жена