БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Од денес започнува исплата на задоцнетите субвенции за тутунарите

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Откако минатата недела Министерот за земјоделие Љупчо Николовски најави дека ќе има исплата до крај на оваа недела на субвенциите за тутунарите денеска директорот на АФПЗРР Никица Бачовски најави дека во наредните 9 работни денови парите сукцесивно ќе легнуваат на сметката на тутунарите.

“Од денес започнува реализацијата на финансиската поддршка за тутунопроизводителите за произведен и предаден тутун од реколта 2021 година. 🔛

Од страна на АФПЗРР беа изготвени налози за исплата на 1️⃣7️⃣.2️⃣8️⃣0️⃣ тутунари за вкупна финансиска поддршка од 1️⃣.3️⃣ милијарди денари.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Средствата ќе се трансферираат на сметките на тутунарите преку трезорот на министерството за финансии на секојдневна основа во следните девет работни дена. ✅

Дополнително во тек на месец Јуни се очекува и реализација на исплатата на финансиската поддршка за :

🟢 Набавено вештачко ѓубриво 🌾

🟢 Продадени или заклани гоеници 🐷

🟢 Премија за произведено и предадено млеко јануари – февруари 2021 🥛

🟢 Директни плаќања за заклани бројлери и несилки во кланични капацитети 🐔“

-соопшти Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој Никица Бачовски

Креирано од:


Пренеси го гласот