БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

RIP Вини Пол! Светот ќе беше помалку возбудлив без твојот ритам и Пантера

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На денешен ден (22 јуни) во 2018 година почина славниот тапанар на светски познатиот метал бенд Пантера, Винсент Пол Абот (Vincent Paul Abbott) или добро познат како Вини Пол (Vinnie Paul) на своја 54 годишна возраст.

Вини Пол е брат на гитаристот на Пантера Дајмбег Дерел кој трагично го загуби животот на сцена откако беше застрелан од младиот Нејтан Гејл во ноќен клуб во Охајо Тексас на 8-ми декември 2004 година за време на концерт на нивниот тогашен бенд Демиџ план.

Вини Пол е роден на 11-ти март 1965 во Абилејн Тексас. Со својот брат Дајмбег го формирале бендот Пантера во 1981 година, по што станаа препознатливи по својот уникатен звук на моќен хеви метал кој се разликувал од се друго дотогаш познато во светската музичка индустрија.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Ритмиката на Вини Пол претставува силна подлога за моќниот звук кој го продуцираа неговиот брат Дајмбег, басистот Рекс Браун и лириката и вокалите на Фил Анселмо.

Покрај тапанар на бендот Пантера, Вини Пол  е познат по својата текстописечка и продуцентска улога како и тапанар во споменатиот бенд Демиџ План и бендот Хелјеа.

На официјалната фејсбук страница на Пантера беше одадена почит и сеќавање во врска со смртта на тапанарот на бендот:

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace