Министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски во текот на денешниот ден беше во посета на Институтот за ориз во Кочани како и во посета на индивидуални производители на ориз од Чешиново-Облешево.
“Мерката со која даваме поддршка при набавка на комбајни е значајна, и го помага производството на ориз, благодарен сум што оваа мерка како позитивна беше оценета од Институтот за ориз во Кочани. Еден од проблемите кој долго го мачеше Институтот, беше одземеното земјиште и недостатокот на кадар. На мое големо задоволство овој проблем го решивме, земјоделското земјиште е вратено во владение на Институтот и е обезбеден соодветен кадар, меѓу кој и Тоше Јорданов, индивидуален оризопроизводител, кој минатата година има произведено најголемо количество на ориз.
Институтот продолжува професионално со својата научно истражувачка дејност, создавање на семенски матријал, како и следење на проблематиката и контрола на оризопроизводството.”
-соопшти Љупчо Николовски од Кочани.
“Во посета сум на семејството Маневи во село Чифлик. Ова семејство кое 15 години се занимава со одгледување на ориз, е позитивен пример за максимално искористување на субвенциите кои ги нудиме, и усовршување, модернизирање и олеснување на производството. Преку ланскиот јавен повик, Орце си набавил комбајн, а денес ни го пренесе позитивното искуство и реалната потреба од ваквите мерки.
Ги повикувам сите заинтересирани оризопроизводители да аплицираат на новиот јавен повик кој е во тек за набавка на специјализирани комбајни за ориз или мобилни сушари за ориз, водени топови и распрскувачи.
Крајниот рок за аплицирање е 6 јули 2022 година, а максималниот износ по корисник е 3.500.000 денари.
Го слушаме гласот на земјоделците, работиме, ги прифаќаме нивните предлози, и заедно креираме мерки за зголемување на домашното производство и поддршка на оризопроизводството.”
-изјави Министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски по посетата на Чешиново-Облешево.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Се шират лажни информации помеѓу жителите на Кочани за поголем број на починати. Дополнителна тензија никому не е од корист
Градоначалникот на Општина Кочани со препораки до КЈП „Водовод“ и до Советот на Општина Кочани
Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во делчевскиот Совет поднесоа БАРАЊЕ за ставање во функција на регионален пат село Разловци- село Митрашинци