БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

До каде оди криминалната хемостаза на актуелната власт во владата?

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Како се пљачка Македонија, граѓаните и ЕЛЕМ, денешно ЕСМ!!!

Каква е врската помеѓу ЕЛЕМ/ЕСМ, албанската државна енергетска компанија КЕШ, компанијата ЕТМТ Енерџи ДООЕЛ Скопје (омилен купец на вишоците на струја на ЕЛЕМ/ЕСМ) и компанијата од Тирана ЕНЕРТРЕЈД?

Заедничкиот именител што ги поврзува сите овие субјекти е корупција и штета на граѓаните на Македонија.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Како?

Имено, ЕСМ/ЕЛЕМ распишува оглас за продажба на ноќни вишоци на струја за периодот од 30 август до 6 септември, од 2 до 7 часот во вкупна количина од 2000 MWh (слика 1). Албанската државна енергетска компанија КЕШ исто така распишува оглас но за набавка на струја за периодот од 29 август до 4 септември по сличен профил како тој на ЕЛЕМ/ЕСМ во вкупна количина од 2100 MWh (слика 2).

Цената по која ноќни вишоци се продадени на компанијата ЕТМТ енерџи дооел Скопје е 337/MWh (слика 1), а цената по која албанската државна енергетска компанија КЕШ ја купува струјата по сличниот профил е 525,55 €/MWh (слика 3).

Доколку во цената се вкалкулираат и меѓуграничните капацитети за август и септември од Македонија во Косово и од Косово за Албанија, кои во вкупна вредност за август изнесуваат 9,17 €/MWh, а во септември изнесуваат 15,65 €/MWh, тогаш вкупниот трошок за струјата купена во Македонија со вклучени меѓуграничните капацитети и банкарски трошоци (1%) за периодот од 30 август до 4 септември и профил од 2 до 6 часот, изнесуваат околу 350.000€, а истата таа струја во Албанија се продава за 525.550€. Разликата во цената на струјата купена во Македонија, пренесена во Албанија и продадена таму е околу 10.800.000 денари.

Дали компанијата купец на вишоците на ЕЛЕМ/ЕСМ, ЕТМТ Енерџи ДООЕЛ Скопје е поврзана со компанијата, ЕНЕРТРЕЈД од Тирана, Албанија која е најбрзорастечка компанија на пазарот на трговија и снабдување со струја во Албанија и со свои претставништва во регионот како и во Словенија и Унгарија (слика 4)? Одговорот е ДА, преку лицето Артур Мицкај кој е сопственик на 50% од ЕНЕРТРЕЈД Албанија, но и на 50% од ЕТМТ Тирана, Албанија.

Заклучок: Македонија, граѓаните и ЕЛЕМ/ЕСМ за само 20 часа се оштетени за близу 10.800.000 денари и наместо вишоците да бидат понудени на стопанството кое плаќа според HUPX струја и грчевито се бори да опстане и да ги задржи работниците, парите се крадат и завршуваат во приватни џебови.

#ДоаѓаКрајот

#ОдговорностЌеИма

#ВиВетувам

-фрјсбук статус на Христијан Мицкоски- Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace