БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Вредносен ваучер од 4000 денари за првачињата во општина Лозово

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Градоначалникот на општина Лозово Бошко Цветковски во функција на поддршка на семејствата кои што оваа година имаат првачиња, обезбеди вредносни ваучери од 4000 денари за секое прваче кое се запиша во Основното Општинско Училиште “Методија Митевски Брицо” во Лозово.

По повод првиот училишен ден за првачињата Градоначалникот Цветковски упати отворено писмо за секое прваче со пораки кои што би требало да го водат во нивните успешни ученички денови.

“Почитувани,

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

⭕️Би сакале да ве известиме дека Општина Лозово и ООУ М.М.Брицо Лозово, денес, подготвени ја започнуваме учебната година, а на учениците им посакуваме не само успешен прв училишен ден, туку и успеси во натамошното стекнување на знаење…

✅На мое огромно задоволство, со едногласна одлука на Советот на Општина Лозово, оваа година обезбедивме Ваучери за секое Прваче во Вредност од 4️⃣0️⃣0️⃣0️⃣денари, средства со кои во овие тешки времиња ќе се овозможи финансиска поддршка на родителите за набавка на училиштен прибор и облека за успешен старт на учебната година..

📚На денешниот преубав настан организиран од Наставниот колектив при OU Metodi Mitevski Brico-Lozovo, заедно со Директорот на училиштето, г-н Goran Velkov беа поделени Вредносните ваучери обезбедени од Општина Лозово и Подароци обезбедени од Училиштето, за секое прваче во нашата општина..

Би сакал да ја искористам оваа прилика и со едно вакво,отворено писменце да им се обратам на најмалите, најмилите… Нашите ПРВАЧИЊА😊:

Денес е почетокот на учебната година и знам дека сеуште не можете сами да го прочитате ова што сакам да ви го пренесам…

Затоа ќе замолам,тоа да го сторат за вас вашите мама или тато, дадичка или бато, баба и дедо или вашата учителка…

📚Денес е вашиот прв училишен ден, ден кој секогаш ќе ви остане во сеќавање..

Возбуда, среќа, неизвесност и по малку трема..

👩🏻‍🤝‍👨🏼Во училишниот двор за прв пат се среќавате со другите првачиња кои подоцна ќе бидат вашите најверни другари со кои ќе ги споделувате добрите и лошите страни кои ќе ви ги сервира животот..

🏢Училиштето од овој ден е вашиот Втор Дом а другарите,вашето второ семејство…

🧍‍♂️И Јас, пред многу години бев едно мало прваче кое со тек на време се трансформираше во се она што сум денес..

Затоа сакам да споделам неколку основни етички и морални правила кои сметам дека треба да бидат водилка за секој од вас:

👉Поздрави ги возраснете со добро утро, добар ден и добровечер…

👉Секогаш пред да поминеш преку улица погледни лево и десно…

👉Почитувај и слушај ја внимателно твојата учителка/Учител, еден ден ќе сфатите колку тоа ќе ви значи и многу пати ќе го примените понатака во животот…

👉Кога некој зборува,ислушај го внимателно и не го прекинувај…

👉Ако некое од другарчињата е нерасположено или му треба помош, насмеј го и помогни му…

👉Никогаш не срамете се да кренете рака и да поставите прашање ако нешто не ви е јасно, Учителката е тука за да ви даде објаснување..

👉Навремено завршете ги домашните задачи, така ќе ви остане повеќе слободно време за дружба со другарчињата

👉Бидете креативни и споделувајте ги вашите идеи со учителката/учителот и пријателите..

👉Никогаш, ама баш никогаш не му се потсмевајте на другарчето од било која причина, тоа во другарството не постои…

👉Радувајте се на успесите и среќата на пријателите, чувствувајте ги како свои-И тие ќе се радуваат на твоите..

👉Не можете да бидете најдобри во се, но секогаш трудете се да да го дадете својот максимум

👉Научете да делите (не мислам само на математичката операција, секако и тоа). Себичноста е најлошата услуга што може да си ја направите самите на себе. Ако некое од вашите другарчиња тој ден не ја понело ужинката од дома, поделете ја твојата. Сигурно ќе ви биде многу повкусно кога ќе јадете заедно…

✍️Бидете добри луѓе, останете добри луѓе!

Задржете го детето во вас и кога ќе пораснете..

✅Запаметете какви сте биле на вашиот прв училишен ден и кога ќе пораснете огледајте се во детето кое било жедно за знаење, детето кое верувало во добрина, кое било пример за останатите, кое било најдобар другар, ги чувало тајните на својот другар и му помогнало во неволја, детето кое знаело искрено да сака…

п.с. Имате за задача на крајот на училишната година, да го прочитате ова писменце од почеток до крај, зборче по зборче… И секако,да го примените”

-информираше градоначалникот Цветковски во оваа прилика.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace