БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Да имате шепаст другар во вашиот дом е благослов: Денеска е 26 август- Меѓународниот ден на кучињата

ÙX

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

За првпат Меѓународниот ден на кучињата бил одбележан во 2004 година од страна на активистот за безбедност и здравје на животните Колин Пејџ.

Низ целокупната позната историја на човечката цивилизација пзнато е дека најдобар пријател/другар на човекот се кучињата. Тие имаат моќ да ни го разубават и најлошиот ден кој го имаме со нивното мавтање со опашката и тркалање по подот и земјата, како и со нивниот упорен и милозлов поглед.

Во денешно време на постоење на социјалните мрежи секако кучињата се нашите миленици со кои што може да се пофалиме пред нашите пријатели со преубави и иновативни фотографии и видеа кои што публиката може да ги гледа по цел ден.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Денешниот ден 26 август секако е важен какко ден во кој што ќе го одбележиме нашето пријателство со нашите миленици и членови на нашите семејства, но и да ја подигнеме свесноста на јавноста за потребите на кучињата за нивен подобар живот. Секако овој ден не треба да биде единствен ден во годината кога тоа го правиме и ваквата пракса треба да биде постојана по можност за да изградиме еден поубав заеднички свет со нашите пријатели.

Во рамки на правната регулатива 26 август како меѓународен ден на куќињата е внесен во 2013 година во правната легислатива на државата Њу Јорк со која се подразбира куќињата да бидат заштитени од неодржливи начини на живот. Овој ден исто така служи и како ден за промоција на праксата за посвојување на кучиња од згрижувачки центри.

Кучињата низ светот исто така се познати по вршење на службени дејности за потребите на различни јавни институции и организации. Треба само да си приспомнеме на улогата на кучињата при пребарувањето на преживеани луѓе и деца во урнатини на сеизмичка катастрофа од поголеми размери за да барем во мала мера го сватиме значењето на овие шепасти живи битија.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace