Почитувани медиуми,
Сакам да ве информирам дека овде сме, со една единствена цел а тоа е да помогнеме во подобрување на инфраструктурата. Можете да видите и сами да се уверите дека овде во населбата се реализира изградбата на булеварот „Гоце Делчев” во должина од 740 метри, булевар кој ја поврзува населбата со регионалниот пат кон Кочани од една и кон Виница од друга страна.
Едно решение кое помага во унапредување и подобрување на безбедноста на сообраќајот како и кон подобрување на врските на населбата. Како што ветивме така и направивме. Она што беше ветено во програмата на претходните избори сега го гледате реализирано на дело и можете да се уверите дека локалната самоуправа предводена од градоначалникот и од советничката група на ВМРО ДПМНЕ е власт која работи за народот, затоа со гордост велиме секогаш РАБОТА секогаш МАКЕДОНИЈА.
Кога сме кај Работата ќе видите дека и сега се зафативме за работа, но морам да признаам дека ова е на иницијатива на нашите помлади членови односно на иницијатива на УМС кои не потикнаа денеска да го обоиме мостот во населбата и да ви покажеме дека листата на ВМРО ДПМНЕ има капацитет, сила, волја и енергија. Така, денеска завршивме работа која што нашите опоненти може ќе јa стават во програма па ќе им требаат 3-4 години за да ја реализираат.
Ние сме свесни и знаеме дека жителите на оваа населба застанаа зад тимот предводен од носителот на листа и зад актуелниот градоначалник заради реализираните проекти во претходниот мандат.
За нас најважна е сигурноста, а една од најважните карактеристики на сигурноста е знаењето дека ќе се исполни она што сме го договориле, да се одржи зборот.
Ви благодарам!


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Божиновска со низа билатерални средби и пораки за забрзана транзиција на UNECE Resource Management Week
Шеикот Венко од Емиратите: Сепак претседателот на СДСМ има златна виза како менаџер и инвеститор во Обединетите Арапски Емирати
Божиновска од UNECE Resource Management Week 2026: Одлучни политики, силни инвестиции и меѓународна соработка за одржлива енергетска иднина