БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

ЕУ демократија на референдумот во Каталонија

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Избирачките места ширум Каталонија се затворени за гласање за независност на тој шпански регион. Полицијата на сите начини се обидува да го спречи одржувањето на референдумот.

Каталонската влада соопшти дека во нередите повредени се најмалку 460 луѓе.

Шпанската полиција заплени кутии и гласачки ливчиња на избирачките места, јавуваат западните медиуми.

Шпанската полиција употребила и гумени куршуми против демонстрантите пред гласачките места во Барселона, а неколку луѓе се повредени.

Полицајците испалиле куршуми обидувајќи се да ги оддалечат демонстрантите кои сакаа да ги спречат полициските возила со запленети гласачки материјали да се оддалечат од избирачките места.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Градоначалничката на Барселона, Ада Колау, повика на итен прекин на насилството врз граѓаните кои сакаат да излезат на референдумот за независност.

– Веќе над 460 лица се повредени во Каталонија. Како градоначалник на Барселона, повикувам на итно прекинување на полициските акции против невините граѓани, наведе Колау во соопштението.

Во Каталонија денеска се одржува референдум за независност од Шпанија. 

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace