
Каталонската влада соопшти дека во нередите повредени се најмалку 460 луѓе.
Шпанската полиција употребила и гумени куршуми против демонстрантите пред гласачките места во Барселона, а неколку луѓе се повредени.
Полицајците испалиле куршуми обидувајќи се да ги оддалечат демонстрантите кои сакаа да ги спречат полициските возила со запленети гласачки материјали да се оддалечат од избирачките места.
Градоначалничката на Барселона, Ада Колау, повика на итен прекин на насилството врз граѓаните кои сакаат да излезат на референдумот за независност.
– Веќе над 460 лица се повредени во Каталонија. Како градоначалник на Барселона, повикувам на итно прекинување на полициските акции против невините граѓани, наведе Колау во соопштението.
Во Каталонија денеска се одржува референдум за независност од Шпанија.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Напредува процесот за новиот експресен пат Кочани- Делчево согласно предвидената динамика: Презентација на техничкото решение во Делчево
Градоначалникот на Делчево Гоцевски оствари средба со активисти на невладината организација “Жена” од Делчево
Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот, Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи