• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Глас од истокот
  • Осојак
  • Видео канал
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
Брегалнички Портал
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
Брегалнички Портал
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Глас од истокот
  • Осојак
  • Видео канал
loading...
Насловна
Регион

Груевски од Штип: Инвестиции во инфраструктурата, покриен базен, нова детска градинка

октомври 1st, 2017 Регион коментари 389

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, вечерва се обрати пред штипјани на кои им порача дека новата ера за Штип носи крупни проекти и големи инвестиции. -Новата ера за Штип носи инвестиции во инфраструктурата. Ќе продолжиме со изградба и реконструкција на локалните патишта во Кошево, Почивало, Шашаварлија, населба Три Чешми, Чардаклија, Балканска, Македонка, Железничка, Дузлак, како и на улиците Сутјеска, Крушевска република, Панче Караѓозов и поврзување на булевар ЈНА со булевар Партизанска. Предвидуваме и изградба на обиколницата од бул. „Гоце Делчев“ до бања Кежовица, преку населба Пребег, со која значително ќе се олесни сообраќајот во центарот на градот, особено комуникацијата помеѓу населбите надвор од градот. Предвидуваме изградба на нова водоводна мрежа за населените места Балканска, Македонка и Чардаклија во општина Штип, која ќе придонесе до секој дом да биде доставена чиста вода за пиење. Предвидуваме и изградба на главна водоводна линија во должина од 4.600 метри со 2 резервоари Мерите и Пребег за да се обезбеди доволна количина на вода за пиење на Технолошката развојна зона и за поврзување на постоечката дистрибутивна мрежа на индустрискиот дел, рече Груевски. Тој им порача на големиот број штипјани дека и во наредниот период ќе продолжи со уредување, изградба и дека ќе се реконструираат тротоарите во населбите Сењак, Дузлак, Ново Село, 8-ми Ноември и ќе биде завршено уредувањето на тротоарот од Штип до село Стар Караорман. -Ветуваме уредување и на коритото на реката Брегалница од потегот кај бања Кежовица до Чардаклија, со урбани содржини како игралиште, трим-патека и друго. Во општина Штип продолжуваме и со обновување на фасадите на објектите во централното градско подрачје. Продолжуваме со модернизација на инфраструктурните услови во образованието. Ќе извршиме санација на средното училиште „Коле Нехтенин“ и на основното училиште „Тошо Арсов“, како и доградба на општинското основно училиште „Славејко Арсов“. Предвидуваме и гасификација со градба на секундарната мрежа бидејќи веќе ја донесовме гасификацијата во Штип. Со ова дополнително ќе се олесни работата на индустриските капацитети, на компаниите, и директно ќе се придонесе за подобрување на продуктивноста поради поевтиниот енергенс. Предвидуваме и изградба на затворен пливачки базен, со поддршка на општина Штип и централната власт. Со изградбата на покриен базен на граѓаните и на спортските клубови ќе им се овозможи да се рекреираат и да спортуваат во текот на целата година, вети Груевски. Тој најави дека во Штип ќе се изгради нова детска градинка во населбата Сењак со која ќе се избегне проблемот со недостаток на капацитет на постоечката градинка да ги прими сите деца. -Во новата програма се предвидува реконструкција и конзервација на куќи со староградска архитектура во штипско Ново Село, како и на булеварот Гоце Делчев. Старите куќи во Ново Село и низ Штип имаат историско значење не само за Штип, туку и за Република Македонија и многу, многу други проекти. Гаранција дека ова ќе се исполни е сегашниот и иден градоначалник Илчо Захариев, неуморлив работник, полн со енергија и со голема љубов за Штип. Направи доста, исполни многу повеќе од тоа што го вети претходно, отворен да помогне секому во секое време. А вие тоа добро го знаете. Секоја прилика ја користи да зборува и да се бори за Штип. Таков градоначалник му треба на Штип. Заедно со советниците од советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Иван Јорданов, каде имаме спој од младост, енергија и искуство ќе биде победничкиот тим во Штип кој ќе реализира многу нови проекти и ќе реализира решенија за подобар живот, порача Груевски.

loading...

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава ЕУ демократија на референдумот во Каталонија
Следна објава Захариев: Штип ќе добие нов аеродром
Може да Ве интересира:
Бочварски не знае како е од свој џеб да издвои 320 денари за патарина за да може да си го заврши своите обврски
Регион

Бочварски не знае како е од свој џеб да издвои 320 денари за патарина за да може да си го заврши своите обврски

јануари 14th, 2021 77
И оваа година одрони на карпи го блокираа патот А3 на релација Делчево-Кочани. Решение за овој живото-загрозувачки проблем ни на повидок!
Регион

И оваа година одрони на карпи го блокираа патот А3 на релација Делчево-Кочани. Решение за овој живото-загрозувачки проблем ни на повидок!

јануари 12th, 2021 124
Патот Делчево-Пехчево под удар на одрони на карпи. Возете внимателно на оваа делница
Регион

Патот Делчево-Пехчево под удар на одрони на карпи. Возете внимателно на оваа делница

јануари 10th, 2021 114
При првиот пороен дожд се распадна новата регулација на Градечка река во Виница. Загрозен е проект од 18 милиони денари, дали ќе има одговорност?
Регион

При првиот пороен дожд се распадна новата регулација на Градечка река во Виница. Загрозен е проект од 18 милиони денари, дали ќе има одговорност?

јануари 9th, 2021 1433
Властите во Карбинци го срушија постоечкиот мост а нов не изградија
Регион

Властите во Карбинци го срушија постоечкиот мост а нов не изградија

јануари 5th, 2021 145
Апел за помош за собирање на донации за лекување на Д-р Ненад Панов
Регион

Апел за помош за собирање на донации за лекување на Д-р Ненад Панов

јануари 5th, 2021 537
Општина Виница има предвидено рекорден износ за плати и надоместоци за 2021 година во обид да се спаси од пораз на претстојните избори
Регион

Општина Виница има предвидено рекорден износ за плати и надоместоци за 2021 година во обид да се спаси од пораз на претстојните избори

јануари 5th, 2021 242
Нарушена стабилноста на новореконструираниот мост кај Таушанско маало во Делчево кој се реализираше со кредит од Светска банка
Регион

Нарушена стабилноста на новореконструираниот мост кај Таушанско маало во Делчево кој се реализираше со кредит од Светска банка

јануари 4th, 2021 695
Што се случува со влијателноста и кредибилноста на функционерите на СДСМ во регионот?
Регион

Што се случува со влијателноста и кредибилноста на функционерите на СДСМ во регионот?

јануари 1st, 2021 324
Facebook Comments
Жена на денот
Кели Брук- модел кој плени со своите облини

Кели Брук- модел кој плени со своите облини

1732
Маж на денот
Скот Аткинс - Боречки  уметник кој го води актерството

Скот Аткинс - Боречки уметник кој го води актерството

343
Најнови објави
Јан 15th 9:36 PM
Политика

Зоран Заев ветил дека ќе ја наштелува бројката на албанци над 32% на планираниот попис

Јан 15th 3:37 PM
Македонија

Амбасадата на САД во Скопје ја честиташе Стара Нова година

Јан 15th 10:48 AM
Политика

Гордана Силјановска Давкова: Собраниската фабрика за два месеци произведе 170 закони, меѓу кои и Законот за попис

Јан 15th 10:16 AM
Историски личности

На денешен ден е роден првиот македонски драмски писател кој пишувал на мајчин, Македонски јазик

Јан 15th 9:07 AM
Став

Ковачки: Како може Шеќеринска цело време да лаже и притоа да не чувствува никаква одговорност?

Јан 14th 6:32 PM
Политика

Миле Лефков: За да се заработи довербата на населението во пописниот процес најважна е содржината на самиот закон

Јан 14th 5:59 PM
Македонија

Електро-енергетскиот систем во колапс- РЕК Битола пред тотално исклучување

Јан 14th 4:41 PM
Регион

Бочварски не знае како е од свој џеб да издвои 320 денари за патарина за да може да си го заврши своите обврски

Јан 13th 10:23 PM
Глас од истокот

Започна падот на оваа штетна власт. Умот, разумот, демократијата и вистината се најсилните оружја на идната власт која ќе има особено тешка задача

Јан 13th 2:12 PM
Институции

Бочварски: Ако се скапи патарините до Штип, може да се патува преку Велес или по локалните патишта

Набери здравје
Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Прошетај по Брегалница
Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче
Што да се прави?

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец
Што да се прави?

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец-  белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време
Што да се види?

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец- белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија
Што да се види?

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020
Што да се прави?

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020

Неделни топ 5 на Брегалнички
Ќе се извини ли "кралот на лажни вести" Зоран Заев пред Македонската јавност за лагата дека немало Анекс на договорот со Бугарија?
Политика

Ќе се извини ли "кралот на лажни вести" Зоран Заев пред Македонската јавност за лагата дека немало Анекс на договорот со Бугарија?

Јан 10th, 2021 690
При првиот пороен дожд се распадна новата регулација на Градечка река во Виница. Загрозен е проект од 18 милиони денари, дали ќе има одговорност?
Регион

При првиот пороен дожд се распадна новата регулација на Градечка река во Виница. Загрозен е проект од 18 милиони денари, дали ќе има одговорност?

Јан 9th, 2021531
Власта продолжува со инвестицискиот бум. Ќе се градат 2 патарини од Штип до Скопје. Регионот ќе плаќа значително поголеми патарини
Граѓани

Власта продолжува со инвестицискиот бум. Ќе се градат 2 патарини од Штип до Скопје. Регионот ќе плаќа значително поголеми патарини

Јан 10th, 2021471
Исамедин Азизи како нов член на историската комисија ќе преговара за Македонските идентитетски прашања со Бугарија
Политика

Исамедин Азизи како нов член на историската комисија ќе преговара за Македонските идентитетски прашања со Бугарија

Јан 12th, 2021397
Бочварски: Ако се скапи патарините до Штип, може да се патува преку Велес или по локалните патишта
Институции

Бочварски: Ако се скапи патарините до Штип, може да се патува преку Велес или по локалните патишта

Јан 13th, 2021320
Архива на статии
ГАЛЕРИЈА
Monica Bellucci 127
Creative-Photo-Ideas-for-Real-Daredevils-26
6-31-738x1024
37889943 10212965000825653 126520120108384256 n
Monica Bellucci 96
26-23
COB Shoot-5 0451-585x390
al pacino 26
Возраст-19 години
28-09-2018-1538200252
Monica Bellucci 89
36710299383 564521a768 o
floor jansen 40
60320693 1973722126070324 3809490190297202688 n
37379977551 b419bba0b0 o
31-12-2017-1514718034
floor jansen 57
Monica Bellucci 15
Наш Instagram дом
Нека не ве лажат очите инкасаторот од позади карпата стои...
No corona....
Не е Павароти, но врши работа....
Василичарскиот обичај е традиција длабоко вкоренета во идентитетот на Македонскиот народ....
Вевчанка во јавна полемика Вевчанка во јавна полемика со полицајците
Си дојде ѓаволот по своето.. Си дојде ѓаволот по своето...
"Пато масовно за цело село", "Пато масовно за цело село", патот до Македонските вечни ловишта или патот до Македонската Валхала...
Алтернативниот најдобар фу Алтернативниот најдобар фудбалер на минатиот век. Крунисан од милионите фанови кои сметаат дека неговата фудбалска магија едноставно не е од овој свет.
Замина како и што живееше... со тресок...
Ќе биде запаметен!
Повеќе... Наш Instagram дом
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2019. Сите права запазени.
Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.