Независниот кандидат за градоначалник во општина Кичево Алит Абази кој беше ранет на 26-ти септември во Кичево, им подлегна на сериозните повреди кои ги имаше во стомакот. Абази е прва жртва на изборните инциденти во кампањата за локалните избори која минува со тешки насилства.
Абази бил нападнат од зад грб, додека бил со шефот на неговиот изборен штаб, Дестан Абдиу кој исто беше мета на напаѓачот. Нападот се случи во центарот на Кичево.
Абази неколку дена се наоѓаше во критична состојба на Одделот за интензивна нега на скопските клиники. Имаше сериозни повреди на абдоменалните органи и сериозни повреди на р’бетот и р’бетниот столб.
Мотивите за неговото убиство се уште не се разјаснети, но, сепак, крвавиот настан се случи во тек на изборна кампања, што говори дека претстојните локални избори сепак нема да поминат без нерегуларности, ако се земе предвид фактот дека веќе се случија и други физички пресметки


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Божиновска со низа билатерални средби и пораки за забрзана транзиција на UNECE Resource Management Week
Шеикот Венко од Емиратите: Сепак претседателот на СДСМ има златна виза како менаџер и инвеститор во Обединетите Арапски Емирати
Божиновска од UNECE Resource Management Week 2026: Одлучни политики, силни инвестиции и меѓународна соработка за одржлива енергетска иднина