БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Честитка по повод празникот 11 Октомври – Денот на народното востание

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Почитувани граѓани, дозволете ми да Ви го честитам денешниот голем државен празник, 11 Октомври – Денот на народното востание.

Денот на народното востание, ја демонстрираше желбата на македонскиот народ за слобода и за сопствена држава. 11 Октомври беше продолжение на битката на Илинденците и сите пред нив кои се бореа за слободна Македонија. На овој светол ден за македонската држава се докажа дека кога работиш за својата земја ништо не е невозможно и неостварливо, токму затоа водејќи се од нивниот пример за тоа како се работи за својата земја, треба да ја продолжиме нивната борба. Борбата беше за слободна Македонија, нашата борба е борба за економски просперитетна Република Македонија, целосно интегрирана во НАТО и ЕУ структурите, каде и природно припаѓа.

Нашата борба е борба за отворање на нови работни места, изградба на нови автопатишта, подобро образование и здравство, се со цел креирање на подобра иднина за идните генерации.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

11 Октомври е повеќе од обичен државен празник, тој е и отелотворување на идеалот за слободата и правда. Тој идеал не води и денес, и не мотивира да работиме за доброто на идните генерации, за подобро утро за сите. За градење на држава каде заеднички и сложно, Македонците, Албанците, Турците, Ромите, Србите, Власите, Бошњаците и останатите, сите кои споделуваме исти потреби и проблеми ќе одиме напред.

Оттука дозволете ми уште еднаш да Ви го честитам 11 Октомври, со желби за добро здравје и среќа, просперитет и развој.

Извор:ВМРО-ДПМНЕ

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace