БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Насилниците и криминалците под полициска заштита, МВР не постапува по пријавите

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Медиумите секојдневно објавуваат информации, фотографии, видео снимки од низа нерегуларности и грубо кршење на изборната кампања, но од Министерството за внатрешни работи нема никаква реакција. И додека насилството цвета, поткупот на гласачи секојдневно се регистрира на разни локации ширум Македонија и додека граѓаните се соочуваат со закани по живот од насилници и криминалци на СДСМ, МВР не постапува ставајќи се во одбрана на криминалните активности што ги одбележаа овие локални избори.

Девет дена нема одговор од МВР на поставените прашања од страна на редакцијата на Курир за тоа какви мерки се преземаат и дали се идентификувани лицата кои употребувале оружје при славење во неделата, по завршувањето на првиот круг од локалните избори. МВР молчи и на денешните поставени прашања кои се однесуваат на низа криминални дејствија и нерегуларности за време на локалните избори.

Граѓаните не можат да добијат одговор за тоа што е постапено во врска со брачниот пар од Демир Капија кој добивал закани од активисти на СДСМ и познати криминалци од градот.Не е познато ниту дали некое или некои лице/а е/се пријавено/и во врска со  пукањето во Шуто Оризари, по првиот круг од локалните избори. Нема одговори што преземало Министерството за внатрешни работи во врска со лицата кои со огнено оружје се фотографираа пред или во партиски штабови на СДСМ и сликите ги објавуваа на социјалните мрежи, а за кои медиумите пишуваа дека партиски членови и советници.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Молк и за искршените партиски штабови, не е познато што е преземено и до каде е расчистувањето и на овие случаи.

Молкот од МВР за сите овие настани само потврдува дека СДСМ ја користи полицијата во изборната кампања, и дека токму дел од полицијата е ставена во функција на штитење на насилството во изборниот процес.

 

 

 

 

https://www.facebook.com/makedonijadenes/videos/939874489499166/

 

 

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace