БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Захариев: Во наредните 4 години претстои уште поголем интензивен развој на градот и останатите населени места во Штип

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Штип, Илчо Захариев, соопшти дека привршува изградбата на обиколницата од населбата Сењак до булеварот „Гоце Делчев“.

Жителите на населбите „Баби“, Сењак“, „Дузлак“ ќе се возат по оваа обиколница  кон индустрсиката зона и обратно, ќе се патува побрзо, ќе се штеди и ќе го растовариме комплетно сообраќајот во населбата „8-ми Ноември, рече Захариев денеска на прес-конференција.

Тој истакна дека напролет продолжува изградбата на обиколницата од населбата Пребег до градската бања „Кежовица“ со што Штип ќе добие современ спа-центар, но и ќе има нов влез и излез кон регионалните патни правци кон Радовиш и Струмица.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

– Имаме уште едно одлично решение – поврзување на населбата „Балканска“ со населбата „Баби“, каде ќе се изгради нов мост на реката Брегалница. Тоа ќе значи целосно и дополнително растоварување на сообраќајот и олеснување на животот на жителите од населбите „Баби“ и „Балканска“, напомена Захариев.

Според него, во наредните четири години претстои уште поголем интензивен развој на градот и на останатите населени места во Штип

Извор: Курир

 

 

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace