Кривичниот суд го прифати предлогот на скопското обвинителство и му го одзеде пасошот на поранешниот градоначалник на општина Ѓорче Петров, Сокол Митровски, и на уште пет негови соработници, потврдија од Судот.
Според одлуката, на Митровски и петтемина соработници им е забрането и да го напуштат Скопје и имаат обврска да се јавуваат во судот.
Основното јавно обвинителство Скопје вчера соопшти дека е отворена истрага против девет лица осомничени за злоупотреба на службената положба и овластувањето и за несовесно работење во службата.
Тие се осомничени дека во 2014 година постапиле незаконски при одлучувањето во постапки за легализација на дивоградби, со што нанеле штета во висина од 4.100.090 денари, односно околу 66.600 илјади евра.
Медиумите вчера објавија дека Митровски како мерка на претпазливост добил куќен притвор, но од Судот денеска ја демантираа оваа информација.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заменик-министерот Ристески се обрати на отворањето на Првиот Бизнис форум во општина Делчево „Заедно да подадеме рака на развојот“
ДКСК го објави Каталогот на пријавени подароци за избрани и именувани лица за 2025 година
Финансиска полиција поднесе пријава против поранешен претседател на Стоматолошката комора на Македонија