Градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски во работен состанок со сопственикот на прилепската компанија со италијански капитал „Dan Innovation“, Дарио Буци и директорот на компанијата во Прилеп Гоце Станоески, разговараше за можна инвестициска компанија која за почеток ќе брои 10 вработени. „Планираме зголемување на производствените капацитети во Прилеп, бидејќи сме извозно ориентирана фирма.
Седиштето е во Милано, но, имаме своите производствени гранки освен во Македонија и во Кина и Турција.
Извезуваме на сите континенти, а во моментов сме фокусирани на американскиот пазар. Kомпанијата „Буци-Буци“ го следи последниот современ тренд за расветни тела. А, на листата нејзини редовни клиенти се светските брендови „Армани“ и „Версаче “, изјави бизнисменот Буци .
Градоначалникот на општина Прилеп додаде : „Задоволство ми е, што како италијански инвеститори во Прилеп, покажавте интерес за оваа средба. Како Општина со сите расположици капацитети ќе го поддржиме вашето функционирање.
Ги поздравувам вашите планови за развој и проширување на производствените капацитети во Прилеп. Тоа ќе значи и можност за отворање на нови работни места во градот“.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Шеикот Венко од Емиратите: Сепак претседателот на СДСМ има златна виза како менаџер и инвеститор во Обединетите Арапски Емирати
Божиновска од UNECE Resource Management Week 2026: Одлучни политики, силни инвестиции и меѓународна соработка за одржлива енергетска иднина
Петрушевски: Левица смета дека РЕК Битола треба да се затвори и 3000 битолчани да останат без работа, а тоа значи дека автоматски се залага и домаќинствата да плаќаат до 30% повисока цена