Откако СДСМ е на власт, здравството е последно рангирано во здравствениот систем во Европа. Ниту се реновираат болници, ниту се градат нови. Не се набавува нова опрема нит се поправа старата. Медицинскиот персонал никогаш повеќе не бил деградиран и понижен. Наместо да бидат вработени солидни кадри, способни и со висок просек, се врши негативна селекција, при што списокот за вработување медицински сестри кои ќе се вработат е однапред познат.
Пецаков обвини дека за персонал во болницата се ставаат послушни партиски војници.
“ Секојдневно јавноста ја тресе некој нов скандал во здравството. Во ЈЗУ „Општа болница“ од 31 кандидат рангиран според успех, за медицинска сестра не е примен најдобриот кандидат, туку последниот. За Директорот на ЈЗУ „Општа болница“ и СДСМ бодирањето на кандидатите на конкурсот за медицински сестри, според тестот на знаење и успехот од образованието не се пресудни за да се стапи во работен однос. Кои се тие други параметри и квалитети коишто се земаат предвид?”
– праша Д-р Кирил Пецаков, член на Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заменик-министерот Ристески се обрати на отворањето на Првиот Бизнис форум во општина Делчево „Заедно да подадеме рака на развојот“
ДКСК го објави Каталогот на пријавени подароци за избрани и именувани лица за 2025 година
Финансиска полиција поднесе пријава против поранешен претседател на Стоматолошката комора на Македонија