БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Заврши фестивалот за народна култура „Пображење“ во Вевчани

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Со чалгискиот настап на Ансамблот „Климе Садило” од Охрид и со вокалните и инструментални изведби на тамбурашкиот оркестар и пејачката група при КУД „Иван Горан Ковачиќ” од Сисак, во Вевчани заврши Фестивалот на народна култура „Пображење“, што оваа година се одржа по осми пат.

“ Преображение Христово е голем празник кој сам по себе носи голема радост кај сите Вевчанци, а фестивалот за народна култура „Пображење“ е само дополнение на таа радост, збогатување на културната и туристичка понуда на Вевчани, празник за очите и душата. Во Вевчани над 400 уметници во изминатите три дена го презентираа фолклорот на својата држава, еминентни стручњаци од оваа област истражуваа, сликари на наивна уметност сликаа, Вевчани беше центар за народна културата и традицијата. И не само изминативе денови, Вевчани било и ќе биде достоен чувар на традицијата “

– изјавија организаторите.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Стручниот совет на фестивалот во состав: Проф. д-р Мирјана Мирчевска-етнолог,Проф. д-р Велика Стојкова–Серафимовска-етномузиколог, Проф. д-р Даворин Трпевски-етнолог, Јовица Блажески-професионален играч и пеач во ансамблот „Танец” , Наташа Кукоска-етнолог, ја доделија и наградата за најуспешна изведба на фестивалот, а Плакетата „Чувари на традицијата“, ја освои КУД „Таше Милошески” од Ресен.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace