БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Бројни манифестации за празникот на Општина Чешиново – Облешево

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Општина Чешиново – Облешево  го одбележа Денот на Општината, 21. Септември, Мала Богородица. По тој повод градоначалникот изврши прием на гости и соработници од општината и пошироко, а потоа се одржа свечената седница на Советот на Општината. На истата градоначалникот Костадин Личков истакна дека тој и советниците во изминатиот мандатен период одработиле најдобро што можеле и дека се горди на постигнатото. Посакуваат и новиот состав на Советот и новиот градоначалник да направат што повеќе за општината Чешиново-Облешево.

Потоа, на сите членови на советот им беа врачени Благодарници за успешната работа, а награди добија ученици кои ги освоија првите места на конкурсот за поетски и други творби поврзани со празникот на Општината.

Церемонијата на зажнејување во оризовите полиња се изврши во полињата во Чифличко каде во традиционален стил беа ожнеани првите класја од овогодинешната реколта кај оризовата култура.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

На фолклорното дефиле учествуваа фолклорни ансамбли од регионот и учесници на Фестивалот „Истибањско здравоживо“. Во Паркот во Облешево се одржа гала концерт со учество на ансаблите и на фолк пејачот Јордан Митев

Извор: ТВ Кочани

 

https://www.facebook.com/videovesti/videos/853718578120923/

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace