БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Мицкоски од пред Влада: Ова е македонски горд народ кој што има право да ја именува својата држава во Република Македонија. 

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На денешниот протест на платото пред Владата на Република Македонија, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски помеѓу илјадниците политички соборци против актуелната власт во државата, укажа на долгата редица на аномалии при работењето на Владата на Зоран Заев во досегажното негово работење.

Покрај стандардните теми за екеономскиот дебакл на актуелната власт, посебен осврт Претседателот Мицкоски направи на политичкиот прогон, заканите и уцените на сите неистомисленици со власта, прислушкувањето на значајни државни личности од обвинителството, како и узурпацијата на јавниот простор од страна на гласноговорници на владината пропаганда.

Со посебен осврт Христијан Мицкоски попладнево од протестот пред Владата се обрати и во врска со актуелниот процес кој што институциите под контрола на Зоран Заев го спроведуваат насила за промена на Името и Уставот на Република Македонија.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Тој меѓу другото рече:

Сакаат да го поразат духот на Македонецот. Сакаат Македонецот да го прикажат беспомошен, безнадежен, секојдневно влијаат на расположението кај луѓето нарачувајќи вести. Дека прават нешто, а во суштина ги демотивираат и деморализираат луѓето дека не можело да биде подобро. Сеат страв во секој чекор, во секоја пора на општеството сакаат да расеат семе на страв. За да се уплашите, за да се уплашите за да не можете да им застанете на патот. Јавно и гласно. За да можат сега некаде одозгора да сликаат и да снимаат и да речат –  „Видете ги само неколку илјади се овдека доле“. Да, ама стотици илјади сме против вас, само тоа да знаете. Стотици илјади сме против вас.

За протоа да продолжи:

Го узурпираат и јавниот простор. Ќе сретнете армадила на гласноговорници кои што се скапо платени со жолтици народни пари. Кои што ќе ве убедуваат дека црното не било црно туку било бело. Кога ќе ве убедуваат дека поразот не бил пораз туку бил триумф. Ќе ве убедуваат дека капитулацијата е лидерство. Ќе дехидрираат од плукање по мене, и по опозицијата, а притоа не гледаат дека државата им бега од раце. Дека народот си оди. Дека државата станува се поизнемоштена и истоштена. Ги заборавија сите овие погрешни политики, дехидрирајќи од плукање врз мене, ме оцрнуваат мене, ја оцрнуваат опозицијата, а притоа слепи се на целиот криминал кој што им бега од пред очи. Слепи се на сите тендери кои што ги договараат на 4 очи. На целокупната оваа пљачка, на сите оние договорени судски случаи, на целокупниот прогон кој што нас денеска ни се случува.

И додека тоа се случува, почитувани мои, без ронка срам и без перде, и без ни малку чест, и без око да им трепне ја прекрстуваат нашата земја. Без малку срам.

Овој народ овде, но и стотици илјади граѓани на Република Македонија, честити луѓе нема никогаш тоа да го прифатат, и тоа ви го покажаа на референдумот на 30-ти септември, тогаш ви го покажаа тоа дека вие не можете и не ја заслужувате таа доверба од нив. Дека тргнавте во авантура, дека тргнавте да го прекрстите сопствениот народ и нација. Да им го одземете идентитетот, да им го одземете јазикот, и тоа не ви беше доволно, па ја крстивте нација со комплекси.

Излезе човекот кој што плата зима од овие луѓе, од оваа нација. Излезе човекот кој што ја водеше оваа операција на преименување и уништување на македонскиот идентитет. Човекот чие што семејство се хранеше на плеќите на овие честити луѓе и граѓани. Човекот кој што и ден денеска ги користи привилегиите затоа што Буџетот го полнат овие честит луѓе. И ни рече дека ние сме биле искомплексирана нација.

Не сме, господине Димитров, ние сме нација со чест и достоинство. И ќе дојде денот, верувај јас ти ветувам кога јавно овде пред сите ќе се извиниш затоа што и го кажа на македонската нација и на граѓаните на Република Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ! ВМРО-ДПМНЕ! ВМРО-ДПМНЕ!

Сета оваа болка, сета оваа неправда што и ја нанесоа на Македонија, непочитувањето на резултатите од референдумот. Сето ова кое што безмилосно го туркаат, се грешат ако мислат дека нема да го платат. Ќе го платат и тоа скапо ќе го платат на следните парламентарни избори кога и да се случат, јас ви ветувам.

Но она што е важно, важно е дека народот не им даде легитимитет.

Цело време среќавам сограѓани кои што ми велат – „Добро бе Христијан, Претседателе, Професоре, кажи некој збор, зошто ја избегнуваш темата за името“? Не ја избегнувам, ме боли и ме пече, можам да зборам до сабајле на таа тема но се борам и ве повикувам сите да се бориме во оваа битка. Знам дека е нерамноправна, и знам дека сме сами, но да дадеме се од себе тоа да го исполниме. Зашто да зборам за нешто што ме боли, јас на оваа тема не сакам да градам кариера. Нити политичка, нити човечка. Јас за ова сочувствувам, не сум нити јас безимен, нити мојата нација, нити мојот народ. Ова е македонски горд народ кој што има право да ја именува својата држава во Република Македонија.

Македонија! Македонија! Македонија!

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace