Според некои информации што доаѓаат до јавноста, доведено било во прашање изгласувањето на уставните промени, бидејќи за нив ќе гласале само 76 пратеници. Имплицитно се сугерира дека бројот се намалил, затоа што дел од пратениците, кои гласале за отварање на уставнит промени (одметнатите и исклучените од ВМРО), нема да го дале својот глас, бидејќи биле разочарани („разочарани“?) од некои постапки на власта. Меѓутоа, ако внимателно се следат настаните во Собранието, како и меѓупартиските односи, многу поверојатно е дека се работи за притисок на повеќето албанските партии, кои сѐ погласно притискаат за поголеми права на албанската задница во Република Македонија. Односно, станува збор за веќе познатите ултимативни барања од Тиранската платформа, плус и некои други. Сѐ се сведува на следново: „Ако ги сакате нашите гласови, ќе треба уште ‘малку’ да попуштите.“ Затоа, ми се чини дека е неуверлива тезата според која проблемот за изгласување на промените на Уставот е кај одметнатите пратеници на, бидејќи оној кој еднаш потклекнал и натаму ќе поткленува, како што и оној кој еднаш бил уценет и натаму ќе биде уценуван. Во тоа е, ми се чини, целата „мудрост“ и итроштина, со која власта се служи.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Градоначалникот на Делчево Гоцевски оствари средба со активисти на невладината организација “Жена” од Делчево
Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот, Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи
dm повторно го отвора еко-конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ – пријавете го вашиот двор за раззеленување!