БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Збрлавени сите институции-водат кампања?

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Како во Скопјето, главната артерија на државчето ни, така и во гратчето Кочани (така милуваат да го кажуваат оние кои од град го направија градче, селце…оние кои избркаа 3200 луге од Атом,Руен и Целулоза) си струјат негативните вибрации на ниска и обратна кампања од она што го потпишуваа како кодекс за фер и демократски избори кандидатите за градоначалници и носители на листи.Имено се што можеше да се злоупотреби, и се направи.Од локалните довчера портали, направија СДС порталчиња кои за мала пара се обична реклама , лист хартија , постер и веке не се меродавни и веродостојни информатори за градот и пошироко.Нив веке ги читаат само членови на СДС и понекој обичен граганин да се изнасмее на глупостите кои ги пласираат чунки не потценија до бесвест.Тие т.н. новинарски пера, не се ништо повеке но обични профитери, пардон профитерчиња, кои за ситно продаваат алва на бакалџија.Да не речам на сливар, сливи!

Нашиот народ стана многу мудар и успева да ги препознае сите мегуредови, сите скриени флоскули , сите мерки на претпазливост знае навреме да си ги примени и да се заштити.Имено, овие денови, во разговор со наши сограгани увидовме една подвоеност, страшна разединетост, да не речам зајадливост мегу партиите, внатре во партиите, во семејствата, мегу колегите…

Се расипаа полека мегучовечките односи само и само за власт, престиж и по некое залутано ветено местенце на овој или оној.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Полудени се за власт, аздисани за пари , за фотелји и за надмок.

Накаде одиме?

Се злоупотебуваат најранливите категории, се формираат алијас здруженија на хуманитарци, а хуманитарците по 19 години, без два дена стаж пари ке делат.Парадокс до парадокс.

Се манипулира со Ромите чунки од Социјални грижи многу се грижат а тие по цел ден , во работно време агитираат на терен за СДС.Се злоупотребуваат институциите за партиски цели, се користат возила неоправдано, се оди неповикан уредно со известување или барање по митинзи, кикс до кикс…до каде?

Ке се свестат ли или не?

Налетот е голем…дали го гледаат Народот како ги гледа?

Свесни ли се дека ова мало место Тајни не трпи и дека за ден два се се знае…

За Животот кој ке згасне пред да почне!

Мудар е овој Народ…нека одлучи!?

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace