БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Нема плата за вработените во Општина Штип

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На денешната прес конференција новоизбраниот градоначалник Благој Бочварски истакна дека во општинската каса фалат над еден милион денари.

На сметката на општината на 31 октомври кога си заминал претходниот градоначалник имало 4.352.838 денари, до 3 ноември извршена е исплата кон градежни фирми во висина од над еден милион денари.

– Со моето пристигнување во општината на 3 ноември на сметката на Општина Штип имаше 3.397.669 денари. Што значи, дека за околу еден милион денари е испразнета сметката откако е направен извештајот, со кој е излажана штипската јавност. Затоа денеска службите ме информираат дека вработените не можат да земат плата, бидејќи овие пари не се доволни за да се исплати платата, која веќе доцни, кажа Бочварски.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Бочварски изрази надеж дека деновиве плата ќе земат и 400 вработени во ЈП „Исар“ на чија сметка поради слични причини недостасуваат над три милиони денари.

Бочварски имал средба со двајцата директори на јавните претпријатија „Стипион“ и „Исар“ на кои бил запознат со акутелните состојби во овие претпријатија и истиот очекува коректен однос во работењето од актуелните директори на овие две институции.

 

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace