БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Конституиран новиот Совет на Општина Штип

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На денешната конститутивна седница која ја отвори и претседаваше најстариот советник Иван Бојаџиски беше верификуван мандатот на новите 23 советници и со 12 гласови „За“ и 11 „Воздржани“ беше избран советникот Јане Миланов за нов Претседател на Советот на Општина Штип.

– Како претседател на Советот, ќе работам во интерес на граѓаните на Штип и се надевам дека со двете коалиции ќе имам соработка. Сакам да се заблагодарам за довербата и се надевам дека сите заедно, на чело со градоначалникот Благој Бочварски ќе работиме во интерес на граѓаните – напомена Миланов.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Иван Јорданов од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека нивната констркуктивност ќе зависи од конкструктивноста во работењето на  советничката група на СДСМ.

На денешната седница формирани се и комисиите и помошните тела на Советот на Општина Штип.

Имајќи во предвид дека Штип во среда го одбележува денот на ослободувањето, 8 ноември, Советот на денешната седница избра и Комисија која ги разгледува пристигнатите предлози за признанието 8 ноември кое се доделува традиционално на денот на ослободувањето на градот

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace