БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Штип од државата доби земјиште за изградба на детска градинка

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Владата на Р.Македонија на последната седница го додели земјиштето кое е предвидено за изградба на детска градинка во сопственост на Општина Штип. Со овој чекор формално-правно се исполнети условите за почеток на изградба на новата детска градника.

Градоначалникот Благој Бочварски изјави:

-Ова е уште еден чекор во насока на изградба на еден од најголемите капитални проекти којшто го ветивме во предизборната кампања и со кој посебно се гордееме. Токму затоа ја информирам јавноста дека се работи за парцела од 5518 м2 каде што ќе се изгради градинка за околу 200 дечиња.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

После добивање на земјиштето следен чекор е добивање на финансиски средсва за кои градоначалникот Бочварски изјави:

-Наредниот чекор е да ги добиеме средствата кои се веќе изгласани на источен плански регион од околу 16.000.000.00 денари, а Општина Штип ќе го покрие остатокот од својот буџет со нешто повеќе од 20.000.000.00 денари. Очекувам во април месец да дојде одлуката за овие средства и ние во најскоро можен период ќе распишеме тендер за изведувач на детската градинка

Креирано од:


Пренеси го гласот