Културно-информативниот центар”Романса”Македонска Каменица распишува:
ЛИКОВЕН КОНКУРС И ЛИТЕРАТУРЕН КОНКУРС
На тема:”Чекориме по патеката на мирот”(во спомен и чест на нашиот патрон Миле Јаневски Џингар)
Право на учество на Ликовниот и Литературниот конкурс имаат учениците од прва до четврта година од С.О.У.”Миле Јаневски-Џингар”од Македонска Каменица.
Учениците може да учествуваат со изработка :цртежи,слики,скулптури и литературни дела .Бројот на ликовни и литературни дела за учество нее ограничен.
Најдобрите дела ке бидат наградени со вредносни ваучери:
• Прва награда……..3000 денари
• Втора награда…….2000 денари и
• Трета награда……..1000 денари
Ликовните и литературните творби во шифрирана форма треба да се достават до просториите на Домот на Културата во Македонска Каменица,секој работен ден од 09.00 часот до 15.00 часот.
Ликовниот и литературниот конкурс ке траат од 29.03.2023 година до 21.04.2023 година.Ликовните и литераурните творби и дела доставени по истекот на рокот наведен во конкурсот нема да се разгледуваат.
Прогласување на најдобрите ликовни и литературни дела ке биде на ден 28.04.2023 година во рамки на одбележувањето на патрониот празник на С.О.У.”Миле-Јаневски-Џингар”.
Ликовните и литературните дела ке останат во просториите на КИЦ”Романса”Македонска Каменица,истите ке бидат искористени за изложби и литературни читања во Домот на Културата во Македонска Каменица .


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Товарно возило удрило во мопед на магистралниот пат Штип-Делчево
Во ритамот на пијаното – најава за концерт на младата пијанистка Јулијана Јанев во Кочани
Експлозија на ел. бојлер во викенд куќа во Равна Река, пехчевско причина за повреда на 42 гидишна жена од Штип