БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

КЈП “Водовод” постави длабински пумпен агрегат за подобрување на водоснабдувањето за кочанчани

Пренеси го гласот

Денес стручните екипи на КЈП “Водовод” Кочани по претходно утврдената динамика и извршени подготвителни работи поставија длабински пумпен агрегат.

Во врска со поставувањето на пумпниот агрегат беа направени дополнителни градежни зафати, односно со специјализирано возило за разбивање на наслаги и вшмукување на отпаден материјал беше извршено целосно чистење на површината каде беше поставен длабинскиот пумпен агрегат.

Станува збор за длабински пумпен агрегат од компанијата Pleuger во вредност од околу 150 илјади евра, со следните парамтери:

Информации за пумпниот агрегат:

–          Пумпа:

• Капацитет                Q         [ m3/h]     216

                                    Q         [ l/sec]      60

–          Мотор:

• Моќност                    PN       [kW]        75

•  Напон                       U         [V]          400

bregalnickimarketing

•  Струја                        I          [A]           150

• Фреквенција             f         [Hz]          50

• Брзина                       n        [min-1]     2865

• Фактор на моќност   cosφ   [-]            0.850

• Ефикасност               ηM       [-]            0.840

Целосното ставање во функција на заменската потопна пумпа нема да влијае врз квалитетот на услугите кои КЈП “Водовод” Кочани ги испорачува кон крајните корисници во моментот, а во иднина ќе обезбеди целосно, навремено и квалитетно снабдување со вода до крајните корисници.

Креирано од:


Пренеси го гласот