БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Дообразување на триесетина возрасни Роми без основно образование во Кочани

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Здружението „Ромалитико“ ќе го спроведува проектот за дообразување на возрасни лица без завршено основно образование, по објавениот повик од Општина Кочани до заинтересирани здруженија на граѓани.

„Ромалитико“ ќе има за обврска да ангажира лиценцирана школа за дообразување на возрасни и да спроведе дообразување на 30-ина возрасни лица Роми и други ранливи групи од Општина Кочани кои немаат завршено основно образование.

Општина Кочани за оваа намена има предвидено 200 илјади денари во Програмата за социјална, детска и здравствена заштита за 2024 година, а „Ромалитико“ треба да преземе најмалку 50 % учество од трошоците за дообразување.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Заинтересираните возрасни лица без основно образование се пријавуваат во канцеларијата на Ромалитико во Кочани.

Во 2023/24 година Здружението Ромалитико самостојно спроведе ваков проект и овозможи дообразување на 100 возрасни лица од Македонија, од кои 10 беа од Кочани. 

Креирано од:


Пренеси го гласот