БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Дигитализација на меѓуниституционалната соработка во функција на граѓаните кои може да аплицираат за оружје преку новата електронска алатка

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска на прес конференци Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во јавноста ја промовираа новата дигитална алатка со која што граѓаните ќе можат да аплицираат за добивање и користење оружје.

Со оваа интероперабилност на работата на двете министерства преку владината платформа www.uslugi.gov.mk во голем обем се поедноставува самата процедура за овозможување на оваа услуга за голем број граѓани, но истовремено се превенираат секаков обид за изигрување и злоупотреба на самата процедура и можности за корупција што не беше случај во минатото.

Во врска со оваа новина во работењето на МВР во соработка со МДТ министерот Тошковски упати своја порака во јавноста преку социјалните мрежи:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Денеска со министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски прововиравме онлајн алатка за аплицирање за дозвола за оружје која ќе биде достапна преку веб сајтот на МВР и на националниот портал uslugi.gov.mk.

Во минатиот период по огромен број на претставки и поплаки на граѓани комисија за ревизија на МВР утврди дека изминатите години селективно и незаконски им биле издавани дозволи за поседување оружје на лица кои не ги исполнувале условите со што е отворена истрага која резултира со 15 откази на високи полициски функционери и ќе продолжи со кривично правна постапка.

По над 5000 предмети не било постапувано во минатото, а притоа апликанти кои не исполнувале услови им било давана дозвола за истите да поседуваат оружје. Тие полициски службеници заслужиле отказ, си добиле отказ во рамки на дисциплинска постапка, а согласно напатствијата на јавниот обвинител ќе следи и соодветна кривична постапка за оние за кои постојат елементи дека сториле кривично дело.

Ова решение, оваа алатка ќе овозможи системски пристап кон остварување на правата нас на граѓаните. Граѓаните нема да имаат потреба лично да се обраќаат до сите институции како пример до судот за да прибават дозвола за неосудуваност и ќе се намалат трошоците за самите граѓани бидејќи нема сами да ги вадат потребните документи туку институциите ќе си ги разменуваат меѓу себе преку нивните бази за податоци. Барањето почнува со пред фаза во која ќе се утврди дали лицето согласно законските норми исполнува услови за се стекне со дозвола за оружје и притоа никој нема да има дискреционо право да фаворизира туку ќе се постапува неселктивно по сите барања. Апликантот ќе биде известен на електронска пошта дали е подобен да добие дозвола за оружје. Ако е, во втора фаза тогаш ќе треба да прибави други документи како лекарско уверение, посетеност на обуки и слично. Со други зборови, со оваа алатка ги намалуваме чекорите, ги намалуваме трошоците и ја отстрануваме можноста за корупција.”

-напиша на фејсбук Панче Тошковски- Министер за Внатрешни Работи во Владата на Република Македонија

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace